Синот на Дидие Дрогба тренира во српски прволигаш

Јединство од Уб би можел да официјализира солидно засилување во наредниот период. Како што објави „Моцарт Спорт“, Исак Дрогба веќе некое време тренира со тимот од Првата српска лига. Патем, тој е син на славниот напаѓач Дидие Дрогба.

Исак најдобро се снаоѓа како централен напаѓач, на позицијата која што татко му своевремено беше еден од најдобрите на светот, а во Јединство пристигна благодарение на Немања Матиќ и неговото пријателско со легендарниот ас на Челзи.

Според информациите на „Моцарт“, првичниот впечаток е дека од Јединство се доста задоволни од перформансите на младиот фудбалер, но јасно е дека Исак е далеку од нивото на својот татко.

Сепак, сè уште не е познато дали Исак ќе добие договор од клубот кој што сезонава се стреми кон експресно враќање во српската фудбалска елита.