Синот на Буфон дебитираше во Серија А - три децении од дебито на неговиот татко!

Луис Томас Буфон, синот на легендарниот Џанлуиџи, го одигра својот прв натпревар во Серија А - триесет години по дебито на неговиот татко.

Буфон јуниор влезе во игра во 77. минута на местото на М'Бала Нзола, во време кога натпреварот одамна беше решен. Болоња веќе водеше со 4-0, а натпреварот заврши со тој резултат.

Освен убедливата победа на домашниот тим, главната вест од натпреварот е токму сениорското деби на синот на легендата на италијанскиот фудбал, на кого му ја даде можноста поранешниот соиграч на неговиот татко од репрезентацијата - Алберто Џилардино. 17-годишниот Буфон јуниор е член на Пиза од 2023 година, играјќи како крилен напаѓач.

Неговиот славен татко го одигра својот прв натпревар во Серија А, за Парма, кога имаше 17 години (и 295 дена), тоа се случи во ноември 1995 година, под водство на Неви Скала.

Луис е роден во брак со Чехинката Алена Середова, па оттука Луис играл за јуниорските категории на чешката репрезентација, но сè уште има право да игра за сениорките на Италија.