ВИДЕО: Синхронизираниот театар на Цилесен и Бускетс кој го насмеа цел фудбалски свет

Цилесен Бускетс

Изненадувањето во осминафиналето од Купот на Кралот го приреди Леванте кој обезбеди минимална предноста во дуелот со моќната Барселона.

На слабата игра на Каталонците се надоврза и лошата глума на голманот Јаспер Цилесен и играчот за врска Серхио Бускетс, кои беа мета на критика на пошироката фудбалска јавност.

При резултат 2-0 за противникот, гостинските фудбалери паднаа како покосени поблиска средба со Чема, кој речиси не се помрдна за да предизвика таква реакција пред голот на Барса.

За срамот да биде уште поголем, Цилесен беше првиот што ја нагази ногата на домашниот напаѓач пред да падне на земја.