„Син ми го внесе Алаба во игра, не ми беше лесно да им објаснам на Карим и Тони...“

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти со победа тргна во новата сезона на Примера. Реал Мадрид славеше на гости кај Алмерија (1-2), а трите бода ги донесе бекот Давид Алаба кој погоди од слободен удар.

Австриецот влезе од клупата, а трофејниот стратег кажа дека тоа не било негова одлука. Интересно, тоа го направил неговиот син Давиде Анчелоти кој се наоѓа во стручниот штаб на „кралевите“.

„Хиерархијата во слободните удари во зоната се знае, Бензема е прв избор, а по него е Тони Крос. Меѓутоа кога добивме слободен удар, Давиде одлучи Алаба да влезе на терен и да шутира кон голот. Не ми беше лесно да им кажам на Бензема и Крос дека тие не се мојот избор, ама Алаба им ја пренесе пораката на мојот син“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид ја брани титулата на домашно тло, а исто така е фаворит и за одбрана на Лигата на шампионите.

Состави

Rubi

5-3-2

    Карло Анчелоти

    4-3-3