Симултанка на Винициус: Хет-трик во полувреме во „Ел Класико“! (ВИДЕО)

Винициус Жуниор игра спектакуларен натпревар во финалето од Суперкупот против Барселона. Бразилецот даде три гола во едно полувреме во мрежата на големиот ривал од Каталонија (3-1).

Првиот погодок на мечот Винициус го даде во 7. минута и прослави во стилот на Кристијано Роналдо, па следеше втор во 10. минута за зголемување на предноста (2-0). Откако Левандовски намали за Барселона, Реал Мадрид доби пенал во 39. минута и Винициус погоди за 3-1.

Реал Мадрид игра фантастично во Суперкупот и е на добар пат да ја освои титулата во финалето кое се игра во Ријад.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-1-2

    Чави

    4-3-3