ВИДЕО: Симултанка на Семењо, Борнмут без проблеми со Саутемптон

Екипата на Борнмут ја продолжи агонијата на Саутемптон и славеше со сигурни 3-1 (3-0) пред своите гледачи во натпреварот од шестото коло на англиската Премиер лига. 

Вистински херој на домашниот тим беше Антоан Семењо, кој постигна еден гол, но учествуваше и во акциите за останатите погодоци. Интернационалецот од Гана ја тероризираше гостинската одбрана во неколку наврати и беше вистинска енигма за дефанзивците. 

Борнмут имаше голема предност на паузата, а автори на другите два гола беа Данго Кватара и Еванилсон. Сите погодоци дојдоа во периодот до 39. минута и домаќините водеа со 3-0 на полувремето. 

Саутемптон бргу покажа знаци на живот и намали на 3-1 по само шест минути игра во вториот дел со голот на Тејлор Харвуд-Белис, но тоа беше сѐ што сторија гостинските играчи до крајот на мечот. Борнмут рутински ја заокружи втората победа сезонава, оставајќи го денешниот ривал на само еден освоен бод. 

Состави

Андони Ираола

4-2-3-1