ВИДЕО: Симултанка на Мбапе, Франција моќна со „лалињата“ на Куман

Франција со моќна победа над Холандија (4-0) ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2024 година ќе се игра во Германија и позитивно означи старт на новата ера со Килијан Мбапе како капитен.

  • Франција - Холандија 4-0:

Ѕвездата на „триколорите“ имаше блескав настап и со два гола влезе на листата на ТОП-5 стрелците во историјата на Франција. Два брзи гола во 2. и 8. минута на Гризман и Упамекано донесоа 2-0 за „триколорите“ на Дешамп, а за еден од нив асистираше играчот на ПСЖ.

Потоа, Мбапе стапи на сцена. Со капитенската лента го даде првиот гол во 21. минута за 3-0, а откако се замина на пауза и се пропуштија повеќе шанси, крилниот напаѓач во 88. минута постигна уште еден гол и ги постави конечните 4-0. Пред финишот Холандија имаше шанса да го ублажи поразот од пенал, но не го реализира шутот од белата точка.

  • Србија - Литванија 2-0: 

Во вториот натпревар од групата Б, Грција очекувано покажа моќ со Гибралтар (3-0). Србија на домашен терен лесно ја реши Литванија и ја доби со 2-0 предводена од врската на Јувентус и Ајакс, Душан Тадиќ и Душан Влаховиќ. Филип Костиќ асистираше за првиот гол.

  • Шведска - Белгија 0-3: 

Шведска на кам-бекот на Златан Ибрахимовиќ дома доживеа висок пораз од Белгија (0-3). Австрија покажа моќ против Азербејџан (4-1), Чешка доминантно ја доби Полска (3-1), а без победник заврши дуелот Молдавија - Фарски Острови (1-1).

Состави

Дидие Дешамп

4-3-3

    Роналд Куман

    4-3-3