ВИДЕО: Симултамка на РБ Лајпциг во Берлин, Шалке само ремизираше со Дизелдорф

Јулиан Нагелсман и РБ Лајциг играат во голема форма и во Лигата на шампионите и во Бунделсигата, па попладнево извојуваа голема победа на теренот на Херта со 2-4 во попладневото дерби од 11. коло.

Стрелци на головите за победничката екипа беа двапати Вернер, Сабицер и Кампл, а за берлинскиот клуб погодија Мителштадт и Зелке. 

Унион Берлин е во налет по победата во градското дерби и запиша значаен триумф на теренот на Мајнц 05, каде славеше со 2-3. Себастијан Андерсон со два гола беше јунак во победничкиот табор. 

Најспектакуларниот натпревар го одиграа Шалке 04 и Фортуна Дизелдорф (3-3), а Рувен Хенингс ги постигна сите три гола за гостите.

Со голот на Макс Филип, Аугсбург освои полн плен на теренот на Падерборн (0-1).

Супер-дербито попладнево го играаѕ Баерн и Борусија Дортмунд на „Алијанц Арена“ во Минхен.