„Симулирањето на Имобиле не е смешно, патетично е...“

Чиро

Англиската легенда Алан Ширер остро го критикуваше Чиро Имобиле, кој срамно симулираше при постигнувањето на првиот погодок на Италија на дуелот со Белгија.

>>> ВИДЕО: Моментот кога болката „магично“ му помина на Имобиле по голот на Барела

Според прославениот голгетер овој потег е патетичен и е срамен за фудбалската игра.

„Мислам дека не можам да се смеам на тој потег. Тоа беше срамно и патетично. Може да се забележи како тој гледа кон судијата пред да започне да симулира...“, смета Англичанецот.

Италијанците обезбедија полуфинална фаза на Европското првенство, каде ќе се надигруваат против Шпанија.