Симов прозиваше, Борец ја започна мисијата за опстанок

Второлигашот Борец 1919 тргна во нова етапа, откако денес на клупата го промовира новиот стратег Горан Симов. Новиот шеф на стручниот штаб на велешани веќе се запозна со играчите и ја одржа првата прозивка во новиот клуб.

Симов денес на првиот тренинг ги имаше на располагање беа сите фудбалери, а најавени се неколку засилувања за втората полусезона. Подготовките ќе се одвиваат во Велес а веќе се закажани и неколку контролни натпревари.

По првиот дел Борец се наоѓа на петнаесеттото место со само 5 освоени бода, а новиот стратег ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Втората фудбалска лига на Македонија.