Симов: Дуелот со Дрита може да трае повеќе од 90 минути

Горан Симов, стратегот на Силекс, го најави натпреварот против Дрита во рамки на квалификациите за Лигата на Европа. Кратовчани играа ЛШ, испаднаа од Карабах, па се преселија во второто натпреварување на УЕФА и имаа среќа во ждрепката.

Предводникот на македонскиот тим смета дека овој дуел со косовскиот првак може да биде доста неизвесен, а може да понуди и продолженија и пенали.

„Немавме среќа во ЛШ, во ждрепката го добивме Карабах, но затоа сега среќата не посака и имаме ривал со кој може да се носиме. Очекувам еден неизвесен натпревар кој може да трае повеќе од 90 минути. Ние ќе го дадеме максимумот, па нека победи подобриот тим. Собираме искуство со овие настапи во Европа, очекувам сите играчи да бидат спремни. Дрита е противник со кој може да се надигруваме“, изјави Симов.

Натпреварот меѓу Силекс и Дрита се игра утревечер со почеток од 20:00 часот.