Симов: Да не се лажеме, ова се нашите можности...

Горан Симов, стратегот на Силекс, даде коментар по поразот од Дрита (0-2) и елиминацијата од квалификациите за Лигата на Европа. Кратовчани ја имаа благата фаворитска улога, ама не успеаја да ја оправдаат.

„Првото полувреме беше без шанси и доста тврдо. Во второто не влеговме онака како што треба. Одговорноста за поразот е само моја, јас требаше да ја издигнам екипата и да бидеме на вистискиот пат. Да не се лажеме, во моментов, ова се нашите можности. Без идеја и без игра. Агресијата постоеше, ама немавме идеја. Ова беше најлош натпревар на Силекс откако јас сум тренер и вакво издание повеќе не смее да се повтори“, изјави Горан Симов.

Силекс како вицепрвак на Македонија ја искористи кризата во Вардар и доби место во ЛШ каде играше со Карабах и испадна, а Дрита беше првата европска пречка во рамки на Лигата на Европа.