• Горан Упале

Францускиот шампион Пари Сен Жермен не по своја волја мораше да се раздели со талентираниот Чави Симонс.
19-годишниот офанзивец одби да ја грее клупата на парижани и во следната сезона, па иако му беше понуден нов договор, тој реши да се пресели во ПСВ Ајндховен. Холанѓаните објавија дека двете страни потпишале договор со 2027 година, па така младиот фудбалер, кој од Барселона се пресели во ПСЖ, ќе има нов предизвик во својата кариера. Меѓутоа, прашање е колку време ќе остане во Ајндховен, бидејќи тој веќе ги „изневерил“ Барса и ПСЖ.
Добро информираното Радио Монте Карло, сепак, тврди дека ПСЖ ја задржал опцијата да го врати Симонс за обештетување од само четири милиони евра, што не оди во прилог на ПСВ Ајндховен, знаејќи го квалитетот на младиот офанзивец. Минатата сезона Симонс одигра само 928 минути, од кои дури 610 во младинската Лига на шампиони.