• Саше Љолес

РБ Лајпциг забележа рутинска победа над Сент Паули и славеше со сигурни 2-0 (2-0) во натпреварот од 21. коло на германската Бундеслига. Домашниот тим стави крај на низата од четири меча без триумф и конечно донесе радост за своите навивачи.
- Извештај од натпреварот:
„Биковите“ на Марко Розе ги освоија трите бода со головите на Чави Симонс и Бенџамин Шешко, кои стрелаа во 16. и 35. минута, со што се вратија на четвртото место на табелата и сега имаат вкупно 36 бода, еден повеќе од петтопласираниот Штутгарт. Интересно е што двајцата стрелци си асистираа еден на друг за двата гола.
Во следното коло Лајпциг ќе ја има фаворитската улога на гостувањето кај Аугзбург, додека Сент Паули на домашен терен ќе го пречека секогаш незгодниот Фрајбург.