• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Марко Симоновски останува во косовска Дрита и во следната сезона, информираат од клубот.
30-годишниот напаѓач имаше договор до крајот на оваа сезона, но откако му истече, седна на маса со Дрита и двете страни се договорија на нова едногодишна соработка.
Марко Симоновски минатата сезона ја заврши со осумнаесет постигнати гола, со што стана најуспешниот напаѓач на Дрита во историјата со најмногу погодоци во една сезона.
Македонецот потпиша со Дрита во 2021 година. Дојде од Фероникели, клуб исто така од Косово. Симоновски зад себе има и настапи за Волунтари, Сепси, Лахти, Шахтјор Караганди, Жетису, РНК Сплит, Амкар Перм, Металург, Напредок и Вардар.