Симоновски ја носи Дрита на Нухиу меѓу најдобрите во Косово

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски продолжи да игра во добра форма и повторно погоди за неговиот тим Дрита.

Косовскиот суперлигаш кој е предводен од македонскиот стратег Ардијан Нухиу на гостински терен славеше кај Фероникели (0-2), а Симоновски ја најави победата и го постигна првиот погодок во 51. минута од натпреварот.

За Симоновски ова беше втор гол во косовскиот шампионат, по оној против Улпијана во претходната рунда (1-1). Симоновски се врати на терените токму на претходниот меч, затоа што претходно не настапи на четири средби во низа поради проблеми со Ахиловата тетива.

Дрита е трета во Косово со 16 бода, еден помалку од Дреница и Балкани кои се на најдобрите две позиции.