ВИДЕО: Симоновски го „здрма“ големиот Феенорд, но Дрита немаше сили за сензација

Македонија остана без клуб претставник во третото коло на Конференциската лига, но неколку македонски интернационалци остануваат во натпреварувањето. Своето европско крштевање во новиот клуб ќе го памети македонскиот напаѓач Марко Симоновски.

Младиот македонски напаѓач беше стрелец за косовска Дрита во поразот од 3-2 на гостувањето против Феенорд на „Де Кујп“ во Ротердам. Екипата на Ардијан Нухиу водеше со 1-2 на полувреме, но Феенорд направи пресврт во вториот дел и се квалификува во следната рунда.

  • Голот на Марко Симоновски против Феенорд: 

Првиот натпревар меѓу Дрита и Феенорд, пред една недела во Приштина, заврши без голови.