• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Марко Симоновски блеска во косовската Суперлига. 30-годишниот напаѓач постигна три погодоци во победата на Дрита над Гњилане од 4-1.
Откако резултатот го отвори Бафтиу, работата во свои раце ја презеде Симоновски. Македонскиот ас стрелаше во 45, па потоа во седмата минута на продолжението во првиот дел, а во второто полувреме погоди и во 69. минута за комплетирање на хет-трикот.
- Головите на натпреварот:
Оваа сезона во шест одиграни натпревари Симоновски има исто толку погодоци. 30-годишниот напаѓач освен хет-трикот денес, стрелаше и во претходните две рунди и победи против Балкани и Љапи, како и претходно во триумфот над Диќанѓини.