ВИДЕО: Симоне Верди даде два гола од слободен удар, еден со левата и еден со десната нога

Ретко се случува еден фудбалер да постигне два гола од слободен удар на ист натпревар, а тоа да го стори со двете различни нозе. Тоа му успеа на новопечениот италијански репрезентативец, Симоне Верди, кој против Кротоне најнапред погоди со левата, а потоа и со десната нога.

Сепак, двата гола на Верди не му помогнаа на Болоња, која загуби од Кротоне со 2-3 на „Ренато дал Ара“