Симоне Инзаги неславно ја завршува саудиската авантура?

Италијанскиот стратег Симоне Инзаги е пред заминување од на Ал-Хилал, освен ако не успее да направи пресврт во самиот финиш од сезоната.

И покрај тоа што располага со еден од најскапите состави во саудиската елита, неговиот тим ја испушти предноста од седум бода и сега има негатива од осум во однос на Ал-Наср. Ал-Хилал е непоразен сезонава, но осумте реми исходи се покажаа како клучен фактор за заостанувањето во трката за титулата.

До крајот остануваат уште пет кола, односно шест натпревари за Ал-Хилал, а трофејот моментално делува далечно. Притисокот од навивачите веќе расте, па според најавите, Инзаги би можел да ја заврши својата авантура по само една сезона.