Симоне Инзаги ќе добие нов договор на клупата на Лацио

Симоне Инзаги одлично се снаоѓа на клупата на Лацио, а според најавите ќе остане во Рим и по крајот на сезоната. Неговиот договор истекува ова лето, но многу веројатно нема да замине од „Олимпико“, туку ќе добие нов мандат. 

Самиот менаџер зборуваше за односот со Клаудио Лотито, а најави дека не се брзаат со потписот, туку се фокусирани на завршувањето на сезоната. 

„Мораме на позитивен начин да ја завршиме сезоната, тоа е најважни. Олдлично се сложувам со Лотито и не се брзаме никаде. Тој има проблеми, а јас водам константно натпревари. Не би требало да има проблеми околу договорот“, потврди Инзаги. 

Авантурата во Лацио, Инзаги ја започна во 2016 година и освои две титули во Суперкупот и една во Копа Италија. Исто така, по долги години пауза Лацио оваа година играше во Лигата на шампионите, а Инзаги е на одличен „глас“ и меѓу фановите.