Симоне Инзаги добива нов договор и станува најплатен тренер во Серија А

Италијанскиот фудбал ќе има нов најскап тренер во Серија А. Откако минатата сезона тоа беа Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри, сега на врвот се Антонио Конте и Симоне Инзаги.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се договори со Интер за нов побогат договор, со важност до јуни 2026 година. Платата на Инзаги ќе изнесува 6,5 милиони евра по сезона. Дополнително, договорот вклучува специјален бонус од два милиони евра, доколку Интер повторно го освои скудетото. Со оваа плата Симоне Инзаги ќе има за половина милион поголема плата од Конте во Наполи.

Симоне Инзаги го презеде Интер во јуни 2021 година. Под негово водство, миланскиот клуб го освои италијанското првенство (2023/24), двата славеше во Копа Италија (2021/22, 2022/23) и трипати во италијанскиот Суперкуп(2021/22, 2022/23, 2023/24).

Во сезоната 2022/23, Инзаги и Интер стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, каде загубија од Манчестер Сити во Истанбул.