Симона Крстаноска ќе ѝ помага на Брезница во квалификациите за ЛШ

Македонската репрезентативка Симона Крстаноска во новата сезона ќе игра квалификации за пласман во женската фудбалска Лига на шампиони.

Крстаноска, која е член на Истатов од Нов Дојран, ќе биде позајмена за квалификациските натпревари во ЖФК Брезница. Се работи за шампионот на Црна Гора, кој во Крстаноска ќе добие искусен играч во ЛШ поради нејзините настапи во елитата претходно.

Брезница оваа сезона во ЛШ ќе игра во групата „Ц“ заедно со НСА Софија (Бугарија), Митровица (Косово) и Олимпија Клуж (Романија).