ВИДЕО: Симон херој на Шпанија, пеналите кобни за Хрватска во финалето на ЛН!

Фудбалската селекција на Шпанија е освојувач на третото издание на Лигата на нации на УЕФА. Во големото финале во Ротердам мрежите мируваа по 120 минути игра, па по изведувањето на пеналите поуспешни беа Шпанците, откако Унаи Симон им одбрани два удари на „коцкестите“ (4-5).

  • Извештај од натпреварот: 

Двајцата селектори го воочија она што не беше добро од полуфиналните средби и за финалето направија корекции во своите состави. Златко Далиќ направи една измена од стартните единаесет против Холандија. На местото на Домагој Вида, партнер на Јосип Шутало во дефанзивата му беше Мартин Ерлиќ. Во однос на стартниот тим против Италија во полуфиналето, шпанскиот селектор Де ла Фуенте направи две измени. На местото на Родриго и Мерино стартуваат Асенсио и Фабијан Руиз.

Шпанија беше за нијанса поангажирана на стартот во Ротердам. Младата ѕвезда на Барселона, Гави во 12. минута ја испрати првата закана на натпреварот, но биеше покрај голот. Нешто подоцна неуспешен обид имаше и Родри со глава, додека на спротивната страна прва посериозна шанса креираше Иван Перишиќ. Крилниот фудбалер на Тотенхем, кој вечерва повторно играше како лев бек, прв го стави на маки шпанскиот голман, откако во 31. минута со глава биеше прецизно, но Унаи Симон беше на висината на задачата.

На полувреме мрежите мируваа на „Де Кујп“, а ништо не се промени ниту во вториот дел. Шпанија имаше иницијатива и посед на топката, но не и посериозни шанси за отворање на резултатот. Херојот на Сити од финалето на Лигата на шампионите, Родри упати непрецизен обид во 65. минута, додека во самата завршница најголемата прилика не ја реализира Ансу Фати. Младиот офанзивец на Барса од само неколку метри биеше неодбранливо за Ливаковиќ, но Перишиќ од гол-линијата ја одби топката и не дозволи радост за Шпанците, а можеби и пораз за својата селекција. 

Така, финалето влезе во дополнителни триесет минути, во кои Шпанија имаше неколку посериозни шанси за погодок, а најголемата ја пропушти Дани Олмо пред крајот на првото подолжение. Ѕвездата на РБ Лајпциг се закани и во 109. минута, но повторно не го погоди голот. Во самиот финиш непрецизен беше и Родри од далечина. Откако мрежите мируваа и во продолженијата победникот беше решен по изведувањето на пеналите. Во третата серија Унаи Симон го одбрани пеналот на Мајер, но потоа Емерик Лапорт ја погоди пречката. Сепак, шпанскиот голман во шестата серија го прочита ударот на Петковиќ, а Карвахал со „паненка“ стави точка на финалето.

Шпанија е третиот победник во историјата на Лигата на нации, по Португалија и Франција

Состави

Златко Далиќ

4-3-3

    Луис де ла Фуенте

    4-2-3-1