Симеоне за Мората: „Ист е како Инзаги, само што Пипо играше кога немаше ВАР“

Диего Симеоне зборуваше за Алваро Мората, кој оваа сезона добива повеќе шанси за настап во Атлетико, пред се поради повредата на Диего Коста и заминувањето на Антоан Гризман. Тимот на Чоло моментално се наоѓа на третата позиција од табелата со осум бодови негатива од водечкиот Реал Мадрид

Стручњакот нагласи дека напаѓачот има проблеми со недозволените позиции во кои се наоѓа многу често, а дури го спореди и со легендарниот Пипо Инзаги. 

„Има играчи со такви карактеристики. Пипо секогаш играше на работ од офсајд. Мората има слична улога. Инзаги „поминуваше“, бидејќи немаше ВАР, а и дел од кариерата мина во Јувентус. Се надевам дека Алваро ќе го реши тој проблем“, истакна Аргентинецот. 

Инаку Мората ја оживува кариерата со настапите во Мадрид, а досега на 23 настапи постигна десет погодоци.