Симеоне во проблеми, Феликс се повреди и ќе паузира две недели

Жоао Феликс

Дербито на „Ванда Метрополитано“ меѓу Атлетико Мадрид и Валенсија заврши без победник. Поведоа домашните фудбалери со пеналот на Диего Коста, а израмни Дани Парехо со прекрасен погодок од слободен удар.

Лоши вести за Диего Симеоне, покрај остварениот резултат пред домашните навивачи, е повредата на Жоао Феликс. Младиот Португалец ја напушти играта во 79. минута, а резултатите од прегледите не се позитивни за „јорганџиите“.

Најскапото засилување во историјата на клубот ќе мора да прави пауза од најмалку две недели, што значи дека ќе пропушти четири до шест меча.

Во Примера тој ќе ги пропушти Алавес, Севиља и Атлетик Билбао, а во Лигата на шампионите веројатно нема да биде дел од дуелите со Баер Леверкузен.