Симеоне: Важна победа, знаеме како во реваншот

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува во пласман на неговиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Атлетиko на домашен терен ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, па шпанскиот тим сè уште нема пораз на домашен терен во нокаут фазата од Лигата на шампионите со Симеоне на клупата - 17 натпревари, 11 победи и шест нерешени исходи.

„Од овде заминувам со вкусот на победата, а тоа е многу важно. Важен натпревар, го контролиравме 70 минути, имавме шанси - Гризман, Лино... На крајот гостите можеа да израмнат, имавме среќа да го избегнеме тоа сценарио. Знаеме дека ќе треба да работиме напорно во реваншот, но ќе имаме простор - имаме брзи играчи. Беше многу тешко во последните дваесет минути да го одржиме нивото што го одржувавме дотогаш. Кога ја започнавме сезоната, нашата цел беше да играме вакви натпревари“, рече Чоло.

Реваншот во Германија е закажан за 16 април, следниот вторник.