Симеоне: Валверде донесе исправна одлука, го одлучи Суперкупот

Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп со победата на пенали над градскиот ривал Атлетико 0-0 (4-1). Натпреварот беше изедначен, а клучен момент беше кога Федерико Валверде го спречи Алваро Мората да постигне гол со старт од зад грб, по што доби директен црвен картон. 

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Валверде го покоси Мората, доби црвен, па стана МВП на Суперкупот

Диего Симеоне по натпреварот изјави дека не го осудува тоа што младиот играч на Реал го направил, туку само му помогнал на својот клуб. 

„Тоа беше најважен момент на натпреварот. Му кажав дека било кој друг играч би го направил истото. Наградата која ја доби има смисла, бидејќи тој практично беше победник во оваа ситуација. Тој донесе чесна одлука за својот тим и не спречи да излеземе во колосална шанса која можеше да го реши дуелот“, изјави Аргентинецот. 

Подоцна Куртоа одбрани еден удар од белата точка, а Валверде ја доби наградата за најкорисен играч на Суперкупот. Овој трофеј за Реал беше 11-ти во ова натпреварување, а за Зидан ова беше деветто добиено финале од исто толку играни завршни дуели.