Симеоне со јасен став: Атлетико не го продава Хулијан Алварез!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, стави крај на шпекулациите за иднината на Хулијан Алварез и порача дека клубот нема намера да се раздели со аргентинскиот напаѓач ова лето.

Во последниот период се пишуваше дека Алварез сака да го напушти клубот, а најсериозен интерес за неговиот потпис покажуваше Барселона. Во игра наводно беа и Реал Мадрид, Арсенал и ПСЖ. 

„Ситуацијата е многу јасна. Клубот донесе одлука и веќе беше објаснето каков е ставот. Немаме намера да се разделиме со нашиот напаѓач. Од спортски аспект, исклучително сме задоволни што го имаме Хулијан во тимот.

Ќе му помогнеме да продолжи да напредува и да се развива. Кај него не гледам друга опција освен целосно да се посвети на работата и на фудбалот“, изјави Симеоне. 

Аргентинскиот стратег направи и паралела со ситуацијата на Антоан Гризман, кој во минатото го напушти Атлетико и се пресели во Барселона, но по одреден период повторно се врати во Мадрид.

Симеоне смета дека и Алварез треба целосно да се фокусира на фудбалот и работата, а не на шпекулациите за трансфер.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.