Симеоне: Шампиони на Примера? Само ако Реал и Барса имаат очајна сезона

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, искрено коментираше како е можно неговиот тим да ја освои Примера. „Јорганџиите“ долго време се во конкуренција за тронот во шпанскиот фудбал, но од 2014 година чекаат на нов голем успех. 

Според аргентинскиот стратег неговиот Атлетико Мадрид до титулата во Примера може да стигне само доколку Реал и Барса одиграат лоша сезона. 

„Ова е лига во која се натпреваруваат Реал Мадрид и Барселона, така што нема фрустрации, ниту разочарувања за неуспесите. Атлетико секогаш е дел од трката и навистина сум горд на тоа. До трофејот можеме само доколку Барса и Реал одиграат лоша сезона, но тешко веројатно дека тоа може да им се случи да двете екипи во исто време“, вели Симеоне. 

На четири кола до крајот на оваа сезона на шпанскиот фудбал, Атлетико е на втората позиција на табелата со девет бода негатива во однос на лидерот Барселона.