Симеоне: Реал добива пенали? Тоа е логично...

Симеоне Дигео

Диего Симеоне застана во одбрана на Реал Мадрид, кој доби големи критики поради победите со помош на пенали и ВАР-одлуки.

Аргентинецот, за разлика од многу други, имаше, според него, логично објаснување за бројката казнени удари кои ги добиваат „кралевите“.

„ВАР открива сè. Пред да се воведе, не можевме да видиме сè што гледаме сега. Мислам дека системот сега е поправичен. Ако ви се суди повеќе пенали од некој друг, тоа е затоа што поминувате повеќе време во шеснаесетникот на противникот, како што тоа го прави и Реал. Логично е дека ќе му бидат изречени повеќе пенали. Фудбалот стана многу брз и судиите не можат да видат сè, но затоа имаме ВАР. Ако е во офсајд, тоа е офсајд, и ако е пенал, тоа е пенал“, вели предводникот на Атлетико Мадрид.

Со помош на одлуки од ВАР-собата, тимот на Зинедин Зидан запиша неколку важни победи во завршницата од сезоната во Примера. Тоа им овозможи на мадриѓани да стекнат убава предност пред Барселона и да застанат на чекор од титулата во домашното првенство.

Светските медиуми, особено оние блиски до Каталонците, секојдневно пишуваат за фаворизирањето на Реал од страна на судиите.