
Лионел Меси со нова генијалност ѝ донесе победа на Барселона, овој пат во дерби-дуелот против Атлетико Мадрид во рамки на Примера.
По натпреварот во Мадрид“, медиумите објавија како Диего Симеоне реагираше на погодокот на аргентинскиот ас.
Реакцијата е бесценета, затоа што популарниот Чоло скокаше крај аут-линијата додека Меси се движеше кон казнениот простор, а потоа, не му остана ништо повеќе освен да аплаудира.
Лионел Меси по дуелот со Атлетико шести пат во кариерата ја освои „Златната топка“ и беше крунисан за најдобар во светот.