Симеоне преку Луис Суарез го повикал Лео Меси во Алетико

Лионел Меси ова лето ја замени Барселона со Париз, откако клубот поради финансиски проблеми не можеше да си го дозволи продолжението на договорот на фудбалскиот виртуоз. Тој се пресели во ПСЖ како слободен агент, а силно заинтересиран беше и Манчестер Сити

Во еден момент се појави приказна дека Диего Симеоне го повикал Меси да заигра за Атлетико. Сепак, стручњакот во разговор со медиумите ја објасни ситуацијата. Тој не зборувал директно со Меси, туку побарал од Суарез да го направи тоа. 

„Не го повикав Меси, ама му кажав на Суарез да го праша ако му се допаѓа идејата и дали постои и најмала можност да дојде во Атлетико. Сè тоа траеше околу три часа, ПСЖ веќе успеа да се договoри. Никогаш не се појави сериозна шанса да соработувам со Меси. Пред заминувањето во ПСЖ беше во Барса, а јас во Атлетико, исто така не се сретнавме ниту како соиграчи во репрезентацијата“, изјави Симеоне. 

Оваа опција не беше реална од самиот старт, бидејќи самиот Меси не сакаше да остане во шпанското првенство за да не ја предаде Барселона. ПСЖ впрочем беше можеби единствениот клуб кој можеше да си ја дозволи платата на Аргентинецот ова лето.