„Симеоне нема срце, ќе направи сè за да победи...“

Филипе Луис

Поранешниот лев бек на Атлетико Мадрид и Челзи, Филипе Луис, ја „отвори“ душата и зборуваше за своите двајца екс соработници, Диего Симеоне и Жозе Мурињо.

За Аргентинецот рече дека е човек без срце кој прави секакви работи за да стигне до победата.

„Не е лесно да се игра за Симеоне, тој нема срце. Тој прави што и да треба, само за да победи. Кога го презеде клубот во 2011 година, Атлетико беше на само четири бода од испаѓање и ја освои Лигата на Европа истата сезона“, вели дефанзивецот.

Во 2014 година Луис направи трансфер во Англија, каде смета дека не ја доби вистинската шанса од Мурињо.

„Кога бев на клупата на првиот натпревар, тропнав на вратата во канцеларијата на Мурињо, прашувајќи го зошто ме донесе и зошто не ме остави во Атлетико. Тој ми рече дека се чувствува посигурен кога во тимот е Цезар Аспиликуета“, открива бразилскиот фудбалер.

35-годишникот од 2019 година игра во Фламенго, каде пристигна по втората етапа во Атлетико Мадрид.