Симеоне: Нема да го гледам Реал, не уживам во натпреварите на ривалите

Симеоне Диего

Атлетико Мадрид остана на првото место во Примера, со ремито кај Барселона. Тоа би можел да го искористи Реал Мадрид, кој ќе биде нов лидер со триумф над Севиља.

Диего Симеоне беше задоволен од својот тим за одиграното на „Камп Ноу“, но тврди дека нема да го гледа мечот на градскиот ривал.

„Дојдовме во Барселона да одиграме натпревар полн со тимска работа и помина како што очекувавме. Имавме одлично прво полувреме и неколку добри шанси за победа во второто полувреме.

Мислам дека нема да го гледам мечот на Реал. Не ги гледам мечевите на моите ривали, не уживам во тоа и претпочитам да не ги гледам“, изјави аргентинскиот тренер.

Атлетико има 77, Барса заостанува со 75, а Реал има натпревар помалку и 74 бода на своето салдо.