Симеоне: Не загубивме поради ВАР, ривалот беше подобар од нас

Диего Симеоне

Екипата на Реал Мадрид ја запиша првата победа на „Ванда Метрополитано“, новиот стадион на Атлетико Мадрид.

Диего Пабло Симеоне, тренерот на „јорганџиите“, по мечот му честита на градскиот ривал и порача дека победата е сосема заслужена.

„Нашиот ривал беше подобар и посебно организиран. Поради тоа одигра еден одличен натпревар. Му честитаме, а нам ни следува да се подготвиме за она што ни претстои. Не би сакал да зборувам дека ВАР имаше влијание на средбата. Знам дека технологијата не е перфектна и дека допрва ќе се надоградува и ќе не прави позадоволни. Немав време ниту пак сакам да ги погледнам спорните моменти, но се надевам дека судиските одлуки беа на место“ , рече Аргентинецот.

Следен предизвик за Атлетико ќе биде Рајо Ваљекано во Примера, а потоа на распоредот е осминафиналето против Јувентус во рамките од Лигата на шампионите.