Симеоне: Милан прави одличен пресинг, потребни ни се голови на било кој начин

Симеоне

Атлетико Мадрид нема право на грешка на дуелот од петтото коло од Лигата на шампионите, во кое го пречекува Милан.

Шпанскиот тим моментално е трет на табелата, што значи дека мора да победи за да ги задржи шансите за нокаут фазата. Диего Симеоне го најави мечот на кој неговиот тим има императив само позитивен резултат.

„Знам дека ни се потребни голови и тоа на било кој начин. Уште немам одлучено која формација ќе ја искористам. Имавме проблеми на почетокот од првиот меч во Милано. Противникот прави одличен пресинг, ќе видиме дали тоа ќе биде случајот и на оваа средба. Се надевам дека ќе ги решиме сите проблеми кои ќе настанат на теренот. Сите мечеви се важни и овој не е исклучок. Ќе му пристапиме како и на сите останати натпревари“ , рече аргентинскиот тренер.

Антоан Гризман и Луис Суарез обезбедија пресврт за Атлетико на гостувањето на „Сан Сиро“.