• Горан Упале
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по поразот од Барселона во реваншот од Купот на Шпанија, спортски му честиташе на колегата Ханси Флик за изданието на каталонскиот тим.
Но, иако Атлетико загуби со 3-0 во Каталонија, ја сочуваа предноста стекната на првата средба (4-0) и со вкупен резултат од 4-3 избори пласман во големото финале. Симеоне истакна дека ќе биде среќен доколку двата тима се сретнат и во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„Флик го изнесе своето видување за натпреварот, а јас му кажав дека одиграа брилијантен меч. Се надевам дека ќе имаме можност повторно да се сретнеме, можеби во четвртфиналето на Лигата на шампионите, за да ја покажеме нашата најдобра игра уште еднаш“, рече аргентинскиот стратег.
Во осминафиналето од Лигата на шампионите, Барселона ќе ги одмери силите со Њукасл Јунајтед, додека Атлетико Мадрид го очекува дуел со Тотенхем.




