• Горан Упале

Фудбалерите на Арсенал, по дваесет години, одново ќе играат финале во Лигата на шампионите, а по завршувањето на реваншот во Лондон, камерите го уловија спортскиот потег на стратегот на домашниот тим Микел Артета.
Откако судијата досуди крај на средбата, Диего Симеоне влезе на теренот за да ги поздрави своите играчи, но неговото внимание го украде помладиот колега од Шпанија.
Артета, се разбира, еуфорично ја прослави големата победа и пласманот во финалето, но потоа знаеше што да направи. Менаџерот на Арсенал дотрча до Симеоне за да му подаде рака, а камерата ја сними нивната навистина спортска средба.
Mikel Arteta running onto the pitch after Diego Simeone at full-time to shake his hand… https://t.co/1CIx6SE6MM
— DailyAFC (@DailyAFC) May 5, 2026
Иако тренерот на Атлетико е многу темпераментен, на крајот му подаде рака на Артета и го прегрна, честитајќи му за заслужената победа и пласманот во финалето на најелитното клупско натпреварување во светот.





