ВИДЕО: Симеоне ги сруши „биковите“, Фиорентина прокоцка победа во Специја

Многу голови и пресврти ги красеа двата натпревари од попладневната програма на четвртото коло на Серија А. Хозе Каљехон дебитираше за Фиорентина, но виолетовите (денес во црвени дресови) прокоцкаа победа на гостувањето во Специја (2-2).

  • Специја - Фиорентина 2-2: 

Екипата на Пепе Јакини водеше со 0-2, со головите на Пецела и Бираги по само четири минути. Во тој момент сите помислија дека победникот е извесен. Сепак, новиот прволигаш се врати во натпреварот и Верде во 39. минута намали, а Фариас во 75. минута ги постави финалните 2-2.

Големи гостински три бода носи Каљари од „Олимпискиот стадион“ во Торино. Екипата на Ди Франческо ги победи „биковите“ на Џампаоло со 2-3. Головите за гостите од Сардинија ги постигнаа Жоао Педро и двапати Симеоне, а за Торино реализираше Белоти (еден гол од игра и еден од пенал).

  • Торино - Каљари 2-3: 

До крајот на четвртото коло ќе се одиграат натпреварите Удинезе - Парма и Рома - Беневенто.