• Иван Димовски

Атлетико Мадрид ќе се бори против традицијата и Реал Мадрид за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ бркаат гол негатива од првиот натпревар, а Диего Симеоне нагласи која е главната цел на тимот.
„Верувам во играчите, имам целосна доверба во тимот. Разбирам каде е срцето на мојот тим, сакаме да продолжиме во Лигата на шампионите, тоа е единствената цел. Имаме млади играчи како Симеоне, Лино, Рикелме, Бариос кои не се навикнати на вакви натпревари. Но, ова е начин за растење и подобрување. Секој играч на светот сака да игра вакви средби. Секогаш има притисок.
Карактеристиките на Реал се да играат вертикално. Се потпираат на брзината која ја поседуваат. Ние сме повеќе колективно силни, знаеме да задржиме посед и да менуваме темпо“, изјави Симеоне.
Првиот меч заврши со 2-1 за „кралевите“, а сега на „Ванда Метрополитано“ се очекува Атлетико да биде тимот кој ќе притиска за да се врати. Традицијата и искуството се на страната на Реал, но момците на Чоло покажаа дека можат да се носат со ривалот.