Симеоне џентлменски го призна поразот: Направивме многу, но не освоивме ништо!

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, спортски го прифати поразот од Арсенал во Лондон (1-0), по кој „јорганџиите“ беа елиминирани во полуфиналето на Лига на шампиони.
Аргентинскиот стратег истакна дека противникот заслужено се пласирал во финалето, нагласувајќи дека неговиот тим не бил доволно конкретен во клучните моменти.

„Елиминирани сме затоа што нашите противници заслужија пласман во финалето. Тие ја искористија својата голема шанса во првото полувреме и заслужено се радуваат. Не бевме доволно прецизни во ситуациите во кои се најдовме“, изјави Симеоне.

Тој посочи дека Атлетико изгледал подобро во второто полувреме, но дека недостасувала реализација за да се смени текот на натпреварот.

„Се подобривме во второто полувреме, имаше и работи што можеа да тргнат во наша корист, но не тргнаа. Дадовме сè од себе и сега мора да прифатиме дека загубивме“, додаде тренерот на мадридскиот тим.

Симеоне испрати благодарност до навивачите и играчите, истакнувајќи дека е горд на постигнатото, и покрај елиминацијата.

„Благодарност за нашите навивачи и фудбалерите, се чувствувам горд што сме таму каде што сме. Реков дека сакаме да се натпреваруваме до крај и го сторивме тоа. За жал, не освоивме ништо, но стигнавме до места до кои е тешко да се стигне“, порача Симеоне.

Така, Симеоне и Атлетико одново остана без трофеј оваа сезона, откако пред две седмици го загубија финалето во Купот на Кралот од Реал Сосиедад. 

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Диего Симеоне

    4-4-2