Симеоне добива ново ѕвездено засилување, Родриго на пат за Мадрид

Rodrigo

Во Шпанија се пишува дека преговорите меѓу Атлетико Мадрид и Валенсија за трансферот на Родриго се при крај.

Одличниот шпански репрезентативец ќе го засили нападот на „јорганџиите“, а за него ќе бидат платени 60 милиони евра. Тимот на Диего Симеоне заработи голема сума на пари од продажбата на Гризман, Хернандез, Родри, Вието и Желсон Мартинс. Истите ги искористи за паметно да купува и ја промени скоро половина екипа.

Пристигнаа Трипие, Марио Хермосо, Фелипе, Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Ренан Лоди, Шапоњиќ, а сега се очекува да пристигне уште едно големо име во 28-годишниот голгетер од „Местаља“.

Родриго е Бразилец, но има шпански пасош и настапува за „црвената фурија“. Досега настапуваше во Бенфика и во Болтон на позајмица. 

За „лилјаците“ одигра скоро 200 натпревари и постигна 51 погодок.