• Горан Упале
Атлетико Мадрид и Барселона ни приредија два спектаклa во 2025 година. Првиот во Купот на Кралот на „Монжуик“ заврши 4-4, а на „Ванда Метрополитано“ домаќините прокоцкаа водство од два гола и загубија со 2-4.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, жали за ваквиот исход, но спортски ѝ честита на Барса за победата.
„Честитки за ривалот, ја имаше таа доза на среќа што беше неопходна.
Не искористивме некои контранапади, Молина можеше да го реши натпреварот, Сорлот и Рикелме пропуштија големи можности. Речиси победивме", но во реалноста не направивме ништо", изјави Симеоне.
Барселона со оваа победа се искачи на лидерската позиција на табелата со ист број бодови како Реал Мадрид, но и натпревар помалку, додека Атлетико Мадрид останува на третата позиција со четири бода помалку од водечките екипи.