Симеоне без Суарез сака да го разбие „комплексот“ Барселона

Се подготвуваше голема уругвајска одмазда врз Барселона на „Ванда“, но тоа нема да се случи, бидејќи искусниот напаѓач се зарази со вирусот корона и ќе го пропушти дуелот против клубот за кого даде многу, а тој премногу лесно се откажа од него.

Требаше да биде празник на фудбалот и денови во кои шпанските новинари ќе пеат. Затоа што требаше да биде денот кога Луис Суарез за прв пат ќе заиграше - против Барселона. И тоа во дресот на „новиот“ Атлетико, кој штотуку започна да игра сосема поинаков фудбал од оној на кој сме навикнати од Диего Симеоне.

>>> Сите квоти на натпреварот Атлетико - Барселона во MOZZART

Тандемот Суарез - Жоао Феликс штотуку започна да плени со елеганција, Атлетико преку ноќ стана тим што игра на гол повеќе од противникот, поразлично можеби не можеше со вакви играчи. Но, пред натпреварот помеѓу Уругвај и Бразил, пристигнаа лоши вести за Симеоне: Суарез е позитивен на ковид-19, и иако нема никакви симптоми, за време на пишувањето на овој текст се чини дека не постојат ниту минимални шанси да игра против клубот на кој толку многу му даде, а кој истовремено толку неспортски се раздели од него.

Охрабрувачката вест за „јорганџиите“ е дека некои други репрезентативци, пред сè Феликс, Коке и Ренан Лоди, имаа повеќе од забележителни улоги во националните тимови на своите земји. На крајот на краиштата, по серијата од четири победи во Примера, моралот би морал да биде на ниво. Доколку и Барселона биде поразена – ќе се пробие покривот на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Но, тоа нема да биде лесно. Фелипе Кутињо беше повреден, но во вторникот го одработи првиот комплетен тренинг со тимот и се очекува да биде подготвен да им помогне на своите соиграчи. Роналд Араухо дефинитивно отпадна, тој се повреди на 28 октомври против Јувентус, па заедно со Самуел Умтити и Серхио Бускетс мечот ќе го следи од трибините. Всушност, Куман имаше толку многу проблеми за време на паузата во националниот тим, што мораше да работи со младинци на тренинг, вклучително и стоперите Санти Рамос Минг и Оскар Мингузе, бидејќи таму е најдефицитарен.

Сепак, она што ја охрабрува Блауграна пред големото дерби од 10. коло на шпанскиот шампионат е скоро неверојатниот факт дека Симеоне од своето пристигнување во Мадрид во 2011 година никогаш ја нема победено Барса во Ла Лига! Последен пат Атлетико го стори тоа во февруари 2010 година. Потоа уште два пати во Лигата на шампионите, еднаш во Суперкупот, но во шампионатот – не успеа.

Да беше Суарез во можност, ќе разговаравме поинаку, особено по серијата од дури 23 натпревари во кои Атлетико е без пораз во шампионатот. Вака ... не сме толку сигурни.