• Мартин Танасковски

Екипата на Гостивар во новата сезона ќе биде без уште едно име од главните играчи за време на сезоната во Втората лига, затоа што се раздели и со Симе Христов.
30-годишникот дојде во тимот за време на зимскиот преоден рок од Вардар и играше важна улога во освојувањето на второто место во ВМФЛ кое му донесе на Гостивар промоција во елитата по една деценија.
Сепак, крилниот играч и раководството не се договорија за нова соработка. Така, Христов ќе бара нов клуб. Досега тој покрај за Гостивар играше и за Вардар, Работнички, Тиквеш, Борец, Македонија ЃП, Еуромилк, Тетекс, Брегалница и Пелистер на домашната сцена.
Симе Христов има и настапи и за албанска Влазнија, Јужен Мјанмар, како и унгарски Егри и Вашаш.
Пред Симе Христов, од таборот на гостиварчани си заминаа и најдобриот стрелец Антонио Каланоски, како и стоперот Дарко Стојанов.
ФОТО: www.gostivarpress.mk