Симе Христов го замени Вардар со Гостивар!

Екипата на Гостивар доби големо засилување во нападот и тоа од директниот конкурент за влез во Првата лига.

Симе Христов, 30-годишниот напаѓач, е нов член на амбициозниот второлигаш. Гостивар се пофали со потписот на офанзивецот кој во првата полусезона играше во дресот на Вардар, но реши да си замине.

Христов, покрај за Вардар, играше и за Работнички, Тиквеш, Борец, Македонија ЃП, Еуромилк, Тетекс, Брегалница, Пелистер на домашната сцена, како и Влазнија во Албанија, унгарските екипи Егри и Вашаш, како и Мјанмар.