• Горан Упале
Томас Милер, иконата на Баерн Минхен и еден од најуспешните германски фудбалери, неодамна објави дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти клубот каде што ја помина целата своја кариера - од десетгодишна возраст.
Пред денешниот натпревар помеѓу Баерн и Борусија Менхенгладбах, на Милер и соиграчот Ерик Даер, кој исто така го напушта клубот, им беа врачени специјални подароци во знак на благодарност.
Покрај тоа, навивачите на Баерн му оддадоа почит на легендарниот германски напаѓач и долгогодишен симбол на клубот со спектакуларна кореографија на трибините.
Во 743 настапи за Баерн како напаѓач, тој постигна 247 гола и асистираше за уште 273. Со баварскиот клуб го освои секој можен трофеј, вклучувајќи дванаесет титули во германскиот шампионат, шест домашни купови и две титули во Лигата на шампионите.