Силвио Ангеловски го напушти Осогово и се пресели во Тетекс

Екипата на Тетекс донесе ново засилување во своите редови и потпиша договор со Силвио Ангеловски.

25-годишниот Ангеловски, кој настапува во дефанзивата, минатата полусезона ја мина во Кочани каде го носеше дресот на Осогово. Но, откако си замина од клубот, веднаш најде ангажман и ќе игра во Тетово.

Во минатото Ангеловски настапуваше и за Еуромилк, Кожуф, Македонија ЃП и Борец, а исто така беше дел и од аматерската фудбалска репрезентација на Македонија.

Тетекс активно работи на тимот, а желбата е да се опстане во ВМФЛ-Запад.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.