Силва: Српскиот селектор покажа непочитување кон нас!

Фудбалската селекција на Бразил без многу проблеми ја мина првата од седумте пречки до нов трофеј на еден Мундијал. Против Србија, „кариоките“ одиграа моќно второ полувреме и со двата гола на Ричарлисон се изборија за први бодви во групната фаза.

По натпреварот во Доха капитенот на Бразил, Тиаго Силва беше задоволен од извојуваната победа, а медиумскиот простор го искористи да му возврати на српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси за неговите зборови пред неколку дена.

„Не сакам да бидам контроверзен и да зборувам за нашите противници, бидејќи сите ги почитуваме. Но, би напоменал дека нивниот тренер нè навреди. Тој рече дека Бразил ќе игра со четворица напаѓачи и не му јасно дали ќе има некој во одбраната? Ова е недостиг на почит. Не бараме од нас да се плашат, но барем нека покажат почит. Се надевам дека нивниот тренер знае кои се Силва, Данило, Сандро, Маркињос...“, рече искусниот ас на Бразил.

Србија не успеа да се доодбрани од налетите на разиграните Бразилци и заслужено со пораз го отвори шампионатот во Катар.

Состави

Тите

4-1-4-1

    Драган Стојковиќ Пикси

    3-4-3